Костадин бил млад човек, чесен, праведен и воедно заљубен во Симка. Тој одбивал да замине на печалба бидејќи како и својот татко кој никогаш не го запознал - верувал дека нема да се врати од тоа макотрпно патешествие. Цврсто верувал дека љубовта помеѓу него и Симка е многу повеќе отколку зделка каква што се прави на пазар и затоа ги одбивал сите молби на мајка си да го направи она што се бара од него.
Веста за веридбата на Симка и Јован брзо допатувала и до куќата на Костадин од неговиот близок другар Зафир, а неговата бурна реакција не успеала да ја спречи ниту неговата мајка. Понесен од страст, бес и лутина тој го побарал семејниот пиштол, го повикал Зафир и уште двајца другари, и наредил на мајка си да го извести попот Гаврил дека вечерва ќе го венча него и неговата бегалка а потоа се упатиле кон куќата на Јордан.
Костадин дошол под прозорецот на Симка а таа долго време се двоумела на неговите повици да слезе размислувајќи за тоа дека нејзиниот углед би можел да биде уништен бидејќи веќе била свршена. Најпосле, таа слегува пред куќата и му ја признава својата љубов на Костадин преколнувајќи го да ја спаси од венчавката со Јован. Додека тие двајца се прегрнати, Костадин го вади пиштолот и испукува во воздух за да им даде знак на своите пријатели а на Симка и предложува веднаш да избегаат накај куќата на Зафир. Двоумејќи се помеѓу нејзиното семејство и човекот во кого е заљубена, Симка нескајќи да појде веднаш, му дава доволно време на татко си тој да излезе пред куќата и да ја види настанатата ситуација. После многу негодувања, Костадин се согласува да позајми педесет лири од Јордан за нивната свадба а потоа преку печалба да ги заработи и да се оддолжи. Јордан ги поканил него и неговите другари во куќата за да прослават.
Не многу по нивната венчавка, Симка му соопштила на Костадин дека во себе носи дете а потребата Костадин да замине на печалба ја засилил и самиот Јордан кој дошол кај нив на посета барајќи си ги парите предизвкувајќи голема расправија со Костадин. Набрзо потоа Костадин заминува на печалба во Белград кадешто работел во фурна.
Условите во фурната биле бедни само за оние кои се нашле таму да работат. Аранѓел, сопственикот на фурната не сакал да потроши ни околку колку е потребно па затоа им наредувал на печалбарите да кратат од состојките од лебот или непотребно да трошат од струјата. Легнат настрана од своите другари се наоѓал Костадин кој боледувал од туберкулоза. Само еден месец го делел од враќање дома кон својата сопруга и синот кој веќе наполнил пет години.
Печалбарски обичај било кога работниците се враќале од белиот свет, да пеат песни пред секоја куќа во која требало да се врати секој од нив. Затекнати и понесни од песната која се слушала од блиските сокаци, Симка и Божана почнале да ја подготвуваат куќата за Костадиновото враќање изнесувајќи му чиста кошула, спремајќи го неговиот кревет за да одмори. Песната стивнува пред самата куќа на Костадин - знак дека некој печалбар починал. На вратата во неверување стоеле Божана и Симка а оттаму истрчал малиот Коле кој го прегрнал најдобриот другар на Костадин - Зафир мислејќи дека тоа е неговиот татко.
Божана: (Со шепот кон Зафира) Умре?
Зафир: Умре.
Кликни тука за опис на ликовите.
No comments:
Post a Comment