Костадин - главниот лик; печалбарот кој неволно заминал на работа за да го искупи долгот кон таткото на Симка. Секоја негова карактеристика е поткрепена со примери од делото, тој бил тврдоглав и инаетлив бидејќи не сакал да го следи патот на своите предци одејќи на печалба и да го остави своето семејство додека тој е далеку. Тој ги избирал љубовта и семејството наспроти материјалното и она што било тогаш прифатливо (мажот да работи во туѓина а жената да го чека грижејќи се за домот). Тој бил исто така многу горделив и достоинствен со тоа што категорично одбивал да даде пари за да ја земе Симка за жена божем купувајќи роба од сточен пазар. Од тоа што можеме да го забележиме од делото, тој бил храбар и непоколеблив кога била во прашање Симка и нивната љубов пробувајќи да ја натера да се омажи за него како бегалка бидејќи верувал дека тоа е поискрен доказ за нивната љубов и посветеност отколку откупот. За жал неговата искрена љубов не била доволна па после свадбата, тој заминува во Белград да работи како помошник во фурна. Со самиот акт на заминувањето иако тој ја знаел црната судбина на печалбата, неговата пожртвуваност се покажува на дело, па иако поминале 5 години од неговото заминување тој не дочекал да се врати заболувајќи и умирајќи од туберкулоза. Накратко, Костадин бил човек којшто цврсто се придржувал кон своите принципи и верувања, бил семеен човек којшто премногу ја сакал мајка си, чесен бидејќи не сакал да се задолжи кај својот свекор туку да го живее својот живот скромно но угледно, верувал во љубов што не е потребно да биде купена, имал другари што биле спремни да му помогнат а за жал судбината го одзела и него како што одзела и неговиот татко кој никогаш не го запознал.
Симка - чорбаџиска ќерка која го сакала Костадин необрнувајќи внимание на разликата во нивните угледи и имоти. Таа била кротка и не сакала да се спротистави на татко си кога дознала дека ќе биде омажена за друг туку плачела знаејќи дека било какво спротиставување може да заврши лошо. Таа била девојка којашто го сакала и почитувала своето семејство, ова се докажува кога во моментот кога требала да избега со Костадин таа помислила на својата мајка и на болката којашто ќе и ја нанесе. Таа не дивергирала многу од тогашната родова улога на жената којашто ако избегала поради љубов или не биле дадени пари за нејзин откуп би се сметала за неугледна. Во овој нејзин стравопочит голема улога игра патријахалниот начин на воспитување којшто и оставил впечаток дека нема право на избор. Таа била посветена мајка и снаа додека Костадин бил во туѓина, била грижлива сопруга која кога ги чула печалбарските песни веднаш потрчала да му донесе чиста облека и постела на својот маж и да се погрижи тој добро да се одмори. Добродушна и понизна се епитетите кои најдобро би ја опишале Симка.
Јордан - таткото на Симка, подоцна свекорот на Костадин којшто бил типичен чорбаџиски човек кој се богател на туѓата сиромаштија такашто им позајмувал пари на посиромашните и им наплаќал камата. Тој бил непопустлив кога било во прашање давањето на ќерка си верувајќи дека е чесно да се добие пари за раката на ќерката. Неговата алчност исто така го натерала неговиот првичен избор за сопруг на ќерка си да биде друг човек кој бил во можност да даде пари веднаш воопшто не барајќи го мислењето на Симка. Тој бил конзервативен, патријахално-ориентиран сопруг и татко кој верувал во наследените адети и обичаи - нешто што на крај ја направило вдовица неговата ќерка Симка. Јордан бил самобендисан чорбаџија чијшто збор морало да се почитува, тој го стекнува тоа однесување како резултат на неговата супериорна позиција како „богат“ човек од кого зависат многу селани. Недостатокот на сочувство и емпатија кај него го прикажува како ладнокрвен и безобзирен лик.
Божана - Мајката вдовица на Костадин којашто на крајот од делото го губи и својот син од истата причина како и нејзиниот сопруг. Таа била понизна, чесна и би направила се за својот син. Таа не сакала Костадин да ја земе за бегалка Симка па затоа затропала на вратата на Јордан со надеж дека убавите зборови ќе му го размекнат каменото срце. Како и Симка, таа не пробувала да им пркоси на старите обичаи иако тие и нанеле доволно болка во животот. Била со Симка сите години додека Костадин бил во Белград, и помагала и желно го очекувала синот кој никогаш не се вратил.
No comments:
Post a Comment