Прераскажување на лектирата “Злосторство и Казна“ од Фјодор Михајлович Достоевски

    Овој роман и покрај интересниот сплет на приказните и фантастичната сторија содржи приказ на менталната состојба на личноста, воопшто не штедејќи на детали. Рускиот писател не ја прикажува својата идеја површно само преку дијалози и случувања, туку напротив обрнува големо влијание на психолошката перспектива и ранливоста на човечкиот ум.
   Делото започнува со младиот Родион Романович Раскољников е веќе подолго измачуван од многу мисли и идеи, целосно не обрнувајќи внимание на околината и неговото однесување така што си зборува со себе, навидум личи на лудак а неговиот од потсетува на пијаница. Тешко задлабочен во своите проблеми тој се одлучил да ја превземе долго планираната мерка. Во меѓувреме авторот ни посочува на неговата крајно нестабилна разумност, расеаност и неприсебност како човек кој е заглавен во лавиринт и очајно се обидува да го пронајде излезот.
Родион бил дваесет и три годишен млад човек кој неодамна го напуштил студирањето поради недостаток на средства кои неговата мајка и сестра, Пулхерја Александровна и Авдотја (Дуња), се обидувале од петни жили да ги овозможат. Овој млад човек се решава на постапка која би можела или да го спаси неговиот живот и финансиско измачување или уште толку да го поведе на работ на лудилото.
    Го земал часовникот кој му останал како спомен од татка си и го однесол да го заложи кај една старица - позната лихварка а веќе наредниот ден немилосрдно ја убил. Тој впрочем воопшто немал добро организиран план за тоа како ќе го изведе убиството; во негова предност било само тоа што случајно дознал дека сестрата на лихварката - Лизавета вечерта нема да биде во нивниот заеднички стан а тој самиот го знаел половично станот на старицата. Однапред подготвил предмет за заложување кој би го оттргнал внимнието на старицата за момент. Од дворот на зградата каде што престојувал тој скришум земал мало сеќирче како оружје и го скрил во своето палто и тргнал по својот пат. Тој затропал на вратата, и по малку несигурност и набљудување преку резето лихварката се одлучила да му ја отвори вратат. Тој и го подал предметот за заложување со цел да ја смири и таа воопшто да не ги насети неговите намери иако тој самиот се наоѓал во најнезавидната положба трудејќи се да остане при себе. Додека лихварката се обидувала да го размота божемскиот скапоцен предмет, тој го извадил малото секирче и со тапиот дел тој замавнал по нејзината глава. Таа паднала на подот, крвта почнала да блика а Раскољников наеднаш ја забележал нејзината сестра на влезот од собата како набљудува во шок неможејќи да изговори ни збор. Раскољников ја оставил вратата отклучена.. Брзо и немајќи време за размислување тој замавнал со секирата по главата на Лизавета при што таа паднала на земја и ја дочекала истата судбина како нејзината сестра пред малку. Не губејќи време тој ги земал клучевите од вратот на лихварката и со нив се обидувал да ги отклучи фиоките во нејзината соба, но безузпешно. Под нејзиниот кревет тој нашол само заложени предмети кои ги земал набрзина заедно со нејзиното ќесе со пари и тргнал да го напушти станот кога слушнал тропање на вратата. Не знаејќи што да прави ја држел вратата затворена додека од другата страна се наоѓале двајца господа кои имале закажано со старицата Аљона Ивановна токму во тоа време. Кога увиделе дека не можат да ја отворат вратата двајцата заминале по домарот - момент во кој Раскољников се одлучил да го напушти ведаш станот и да се скрие во нов стан подолу кој штотуку бил средуван. Почекал таму некое време и и подоцна ја напуштил зградата а предметите ги скрил под некој камен во нечиј двор. Посетувајќи ја најблиската кафана, тој во нејзе запознава човек кој му ја раскажува целата животна приказна спомнувајќи ја својата сакана жена Катарина Ивановна, неговото прво дете од првиот брак Софија Семјоновна Мармеладова и трите деца од бракот со Катарина. Тој бил поранешен чиновник кој се предал на алкохолот како бегство од немаштијата и реалните случувања.
Она што следувало во состојбата на Родион Раскољников било застрашувачко дури и да се набљудува. Тој западнал во треска подлегнувајќи на своите мисли, бил во постојано бунило и општо лоша состојба. Тој одлучува да го посети својот пријател Дмитриј Прокофјич Разумихин незнаејќи зошто. Тој бил исто како него, млад студент, прилично амбициозен и издржлив но и со многу добра душа и намери. Во периодот што следел тој се грижел за својот другар и во моменти кога Раскољников него буквално го отфрлал и бркал.
Во истиот тој период му пристига писмо кое уште повеќе ја отежнува ситуацијата. Имено, во писмото кое му го напишала неговата мајка Пулхерја се наведува дека сестра му Дуња добила понуда за брак и покрај неодамнешните контроверзни случувања во кои додека  била гувернанта во домот на г-дин Свидригајлов била обвинета за имање афера со истиот. Во тоа писмо мајка му образложила дека подоцна образот на сестра му бил обелен и нејзиниот кандидат воопшто не се грижел за тоа, впрочем тој бил од благородничко семејство и би можел да ги удостои со многу подобар живот. Тие во скоро време имале намера да го посетат градот на Раскољников, Санкт Петербург, за да ја овековечат нивната иднина и да се преселат таму. Раскољников се разбеснил откако му текнало дека неговата сестра всушност не се мажи од љубов туку ја принесува својата жртва за доброто на семејството и затоа тој никако не го одобрува овој брак и до последниот момент. Петар Петрович Лужин (свршеникот на Дуња) го посетил Раскољников но излегол од неговата соба навреден и со скршено достоинство поради однесувањето на Раскољников, при што односите на овие двајца никогаш нема да се подобрат. Тој и поставува услов на свршеницата дека таа ќе треба да бира, или тој или нејзиниот брат но таа упорно се стреми да ги смири односите како не би требала да бира, но безуспешно.
   Во меѓувреме, Раскољников се одлучува да се пријави во полицијата како виновникот за да се спаси од мислите кои деноноќно го прогонувале, но судбината сакала тој на патот кон канцеларијата да посведочи на несреќа во која кола згазила некој несреќник. Тој веднаш го познал човекот од кафаната и го идентификувал, ги известил неговите домашни и притоа им дал пари за да можат достојно да го погребаат својот татко и сопруг. Тој таму ја запознава првата ќерка на чиновникот, гореспомнатата Софија која заради безлизлезната ситуација и крајно бедна финансиска состојба започнала со проституција за да обезбеди пари за своето семејство. Таа исто така се преселила во друг стан, ретко посетувајќи ги, но љубејќи ги сите подеднакво. Таа по природа била срамежлива, исплашена девојка.
Родион Раскољников често не заспивал навечер, бладал, се уверувал себеси дека сите го гонат и дека не му кажуваат отворено само за да го измачат колку што можат повеќе.
Во една прилика, Раскољников и Разумихин го посетиле домот на Порфириј Петрович кој работел во полицијата. За време на разговорот помеѓу Раскољников и Порфириј, првиот насетил дека Порфириј можеби насетува нешто и постојано му алудира индирекно на неговите постапки и божем намигнувајќи му. Родион ги бирал своите зборови пазејќи да не се издаде, и после секоја изговорена реченица тој во себе се прекорувал дека грешно ја изговорил и дали воопшто таа била потребна. Накратко убиецот водел внатрешни борби со себеси сакајќи да се предаде на полицијата и да ја смири својата совест но исто така пробувал да ги сокрие сите можни показатели кои покажувале накај него додека Порфириј упорно го провоцирал. Од таму Раскољников излегува уште повеќе збунет за тоа кој треба да биде неговиот следен чекор.
На сцената стапува и претходно споменатиот господин Свидригајлов кај кого Дуња работела како гувернанта и била обвинета за афера со него. Неговата жена Марфа неодамна починала, и и оставила на Дуњечка пари.

   На ултиматумот поставен од Петар Петрович Лужин, Дуња се спротиставува така што на вечерата наменета за нив го кани и Раскољников и Разумихин кадешто настанува општ хаос. Раскољников отворено ги кажува наводните намери на Петар Петрович а овој се разбеснил. Доаѓа и до кавга помеѓу Пулхерја и Лужин каде што тој признава дека барал девојка од посиромашно семејство но, со ненадејното збогатување од смртта на Марфа тој потенцира дека нивното однесување и тон на гласот се променил. Пулхерја Александровна го согледува вистинското лице на вообразниот Лужин и вечерата продолжува дури и откако тој разлутен си заминал. Од таму Раскољников за упатува кон Порфириј, каде што овој цело време го провоцирал повторно и сакал да го натера тој да отиде во спротивно од својат желба и самиот да се предаде. Пресврт на настанте се случува кога за време на овој разговор влегува еден од молерите кои работеле во зградата на денот на убиството на Аљона и Лизавета, и се предава изјавувајќи дека тој е убиецот.

   Поменот на чиновникот бил организиран во нивниот трошен дом. Истиот ден, Лужин ја повикал Софија кај него и во присуство на неговиот другар Андреј Семјонович Лебезјатиков и подарува десет рубљи како поткрепа и милостина. Таа му се заблагодарила и побрзала да излезе, не разбирајќи дека тој и подметнал банкнота од сто рубљи. Катарина Ивановна со парите на Раскољников обезбедила голема и несекојдневна гозба за гостите на починатиот меѓу кои стигнале да присуствуваат и Раскољников и неговата ќерка Софија. На големо изненадување на Катарина, таму се појавува Лужин и веднаш ја обвинува за кражба младата Софија со тврдење дека таа му украла сто рубљи од банкнотите кои биле на масата. Неможејќи да поверува на она што го слуша, Лебезјатников кој и самиот бил присутен на поменот, се соочил со измамникот Лужин и ја склопил сложувалката; Лужин сакал да докаже дека на Раскољников и неговите пријатели не може да им се верува па со тоа да ја поврати својата доверба кај Дуња. Тој бил немилосрдно поразен и избркан, по што следело и бркањето на Катарина од станот од страна на нејзината газдарица поради заостанатите долгови и лошото однесување. Последната трага од здравиот разум на Катерина исчезнува по овој настан, и таа ги земала своите деца и ги однела на плоштадот каде што ги терала да играат и да пеат за пари а притоа на сите раскажувала како таа од благородничко семејство заради неправда завршила вака. Во истиот момент, Софија се вратила во својот стан а по неа и Раскољников неможејќи веќе да ја крие тајната во себе. Тој отворено и го признава убиството и како тој гледал на тоа, а таа потресена и избезумена му ветува дека ќе го прати каде и да оди. Веста за Катарина стигнала и до нив и тие веднаш се упатиле кон жената и децата. Несреќните настани сеуште не завршиле со тоа што, бркајќи ги своите исплашени дечиња, Катарина се сопнала и смртно се повредила при што смртта била неизбежна.
   По смртта на Катарина, дом за трите сирачиња пронашол г-дин Свидригајлов и исто така им подарил пари во домовите за да го обезбеди нивното добро третирање бидејки со истите пари сакал да ја придобие Дуња но таа одбила.

Разврската конечно читателот ја пресретнува кога Раскољников е изморен од сите мисли, премислувања, гонења, бладањето и сите трески кои го затекнаа после страшниот чин кој го изврши. Тој оди кај побожната Софија, се простува од неа и се насочува кон полицијата, одејќи го бакнува плоштадот онака како што го советувала таа, а самата Софија скришно го следи. Тој влегол во полицијата и го барал инспекторот Заметов или пак Порфириј но наишол на Иља Петрович. Тој бил пречекан гостопримливо и дружељубиво па одеднаш сфаќа дека Иља не е тој што треба да ја слушне неговата изјава. Излегол од неговата канцеларија и се упатил назад а на самиот влез неговиот поглед се сретнал со погледот на неговата верна Софија. Овојпат, тој веќе не е неодлучен, застанува на влезот, сфаќа дека е веќе крајот на ова патешествие и се упатува назад кон канцеларијата.

   Во епилогот, Достоевски ни кажува за текот на животот на Разумихин, Дуња, Раскољников и Софија, и мајката Пулхерја која починува без да знае точно каде е нејзиниот син. Разумихин кој патем се вљубил во Дуња уште на првиот поглед, се венча со неа и тие го продолжуваат својот живот заедно. Софија постојано го посетувала молчаливиот Раскољников, кој навидум му било сеедно дали неговиот живот ќе заврши денес или утре или наредната недела. За разлика од поголемиот дел од престапниците, тој во својата изјава го кажал сето она што се случило, причините, последиците и текот на настаните без воопшто да ги насочи кон своја корист. Судот го земал во предвид фактот дека украдените работи останале недопрени и тој воопшто не размислувал да ги потроши. Но, Раскољников и самиот себеси си признал дека доколку времето се вратело и повторно му се укажела прилика тој можеби и не би го сторил убиството. Но едно е сигурно, тој воопшто не се каел за она што го сторил бидејки сметал дека тој направил добрина на човештвото, спасувајќи ги од ништо повеќе туку паразит на општеството при што како колатерална штета и под лоши услови, настрадала и несреќната Лизавета. Тој се споредувал себеси со Наполеон кој, за да стигне до врвот, морал да направи неколку прекршоци и ситни престапи кои никој не би требало да ги земе во предвид.
 Родион Раскољников добил осум годишна робија, и навршувајќи ја едната година тој го прекинал молкот кој ја измачувал Софија. Таа во секоја укажана прилика го посетувала, но еден период престанала да доаѓа. Од останатите затвореници кои ја обожавале бидејќи им пренесувала пари и писма од нивните блиски, тој дознал дека таа се разболела па бил пресреќен кога ја видел како таа повторно дошла да го види. Убеден и сигурен во љубовта спрема неа, тој паднал на колена и почнал да и ги бакнува нозете. Уште само седум години им преостанале пред да го почнат својот заеднички живот. Уште само седум години.

За белешка за авторот, кликни тука.

Опис на ликови:
Родион Романович Раскољников - сиромав студент, горд и храбар. Лесно подлегнува на претпоставките и бладањата и е наполно уверен во своите убедувања. Паметен, но често арогантен и тврдоглав.

Авдотја Романовна - сестрата на Родион. Иако сиромашна, многу добро воспитана, образувана и паметна девојка. Нејзината добрина се покажува кога сака да се омажи ради благосостојбата на своето семејство. Непристрасна е и мирољубива (кога пробувала да ги смири Лужин и Раскољников), храбра (го вперила пиштолот кон Свидригајлов кога тој сакал да ја нападне) и уште многу други доблести.

Дмитриј Прокофјич Разумихин - паметно момче, исто така студент. Премногу добар и грижлив, се вљубува во Дуња и при пијанство и ја искажува својата љубов. Многу лојален (се грижи за Раскољников без обзир на се) и  одговорен (ја превземал одговорноста за Пулхерја и Дуња кога Родион завршил во затвор).

Пулхерја Александровна - мајка која го сака најдоброто за своите деца, наивна но секогаш добронамерна. Интуитивна - на смртната постела таа не знае, но претчувствува дека нејзиниот син се наоѓа во тешка состокјба.

Соња Семјоновна Мармеладова - срамежлива, понизна и постојано исплашена млада девојка. Верна и праведна и секогаш лојална (сака да ја одлежи робијата заедно со Раскољников).

Катарина Ивановна - ќерка на благородник сиромашно омажена. На крајот од својата беда таа потполно го губи разумот и загинува трагично. Била паметна, убава и мудра жена.

Порфириј Петрович - инспекторот кој заклучува дека Раскољников е убиецот и го советува тој сам да се предаде за негово добро. Низок човек, смешлив човек и прилично млад.

Петар Петрович Лужин - богат благородник кој на почетокот имал добри намери, а при крајот на делото тој со секакви уцени и подмолни потези очајно се обидува да ја придобие повторно Дуња за која сфаќа дека е повеќе од сиромашка и достојна девојка. Тој бил лажливец и се служел со клевета (ја обвинува Софија за кражба, ја прикажува како недостојна за Раскољников и неговото семејство).

1 comment:

  1. Одлично беше да се знае дека постои искрен заемодавател на заем кој знае за помагање на заеми со ниска стапка од 2%. Ние секогаш остануваме скромни и никогаш не се откажуваме од финансиите на мојот проект, а за понудата за заем што ми ја даде Педро, ние сме навистина благодарни за помошта и притисокот што го добивме мојот заем како што беше дискутирано
    Контактирајте го pedroloanss@gmail.com за WhatsApp:+1-863-231-0632 повеќе информации за неговата понуда за заем“.

    ReplyDelete