Кога станува чорбаџи Теодос најопрво се облекува набрзина а потоа го пресретнува својот син единец - Томче кој го моли да даде благослов, да ја ожени личната Стојанка инаку посиромашна девојка, ќерка на самарџија, а Теодос неќел ни да чуе за тоа и покрај тоа што и неговата жена Параскева го убедувала дека Стојанка е чесна девојка и ќе биде прекрасна снаа.
Откако се нашле на лозјето чорбаџијата Теодос и неговиот должник Арсо, Арсо намислил како да го прелаже чорбаџијата да стане цигански кум и со помош на Цонка, Поцко и Ампо тој успеал да го наговори Теодос да се согласи бидејќи кумството не се одбива.

Арсо намислил како да си го спаси лозјето и како да му помогне на заљубениот Томче, па му предложил на чорбаџи Теодос дека ако Томче ја земе за жена Стојанка, тој ќе им биде кум на циганите и тој ќе ги крштева и венчава.
Теодос, не гледајќи друг спас, се согласил и дал благослов само за да не мора да биде цигански кум, а за возврат на таа идеја рекол дека нема да го одземе лозјето на селанецот Арсо.
Томче пак, избезумен од среќа и радост, ја доведува Стојанка и заедно ги бакнуваат рацете на Параскева и Теодос.
На крај сите заедно задоволни се фаќаат на орото и весело играат !
Опис на ликовите:
Теодос - богат чорбаџија кој своето богатство го стекнал позајмувајќи пари на сиромашните селани а потоа одземајќи им имот. Бил педантерија, многу чист човек и перфекционист кој сакал се да биде по негово. Неговите веѓи биле накострешени а неговиот израз бил секогаш суров и намуртен.
Параскева (Кева) - жената на чорбаџи Теодос. Типична жена за во тоа време која што се покорувала на зборот на својот маж и го слушала секој негов збор. Инаку мила жена која што се борела за Томче и неговата Стојанка.
Томче - чорбаџиски син и силно вљубен, Добар карактер но често избувнувал поради одлуките и постапките на својот татко, Теодос.
Стојанка - млада, сиромашна но чесна девојка која се вљубува во Томче. Теодос не ја сакал поради калта под нејзините нокти која била доказ дека е вредна и послушна домаќинка.
Белешка за авторот:
Васил Иљоски (1902 - 1.11.1995), писател, член на МАНУ, еден од најпознатите драмски автори во Македонија меѓу двете светски војни и во современата македонска литература. Доминантна одлика на творештвото на Иљоски е потрагата по убавина и правдина во обичниот човек. Во периодот 1922 - 1927 година има напишано десетина едночинки, од кои извесен број се играни на аматерски сцени. Голем успех постигнал со драмата „Ленче Кумановче“ (1928, подоцна крстена „Бегалка“), која тогашниот театар во Скопје ја поставил како прво драмско дело од македонски автор, на македонски јазик. Во 1947 година била изведена и драмата „Чорбаџи Теодос“ на македонски јазик, која како и „Бегалка“, постигнала голем успех кај публиката. По втората светска војна Иљоски продолжил си плодна творечка драмска дејност: „Два спрема еден“, „Чест“, „Кузман Капидан“, „Син и татко“, „Окрвавен камен“, „Свадба“ и др. Има објавено повеќе научни трудови во областа на фолклорот, филологијата и книжевната историја. Добитник е на наградата 11 Октомври во 1964 година и на АВНОЈ во 1985 година.
Напомена: Ова дело е комплетно напишано од авторот на овој блог и не е дозволено копирање на други блогови/веб сајтови.
Мози кратко расказана фала
ReplyDeletene mozi
Deleteeeeeeeeee
DeleteПократко од ова мислам дека нема да најдеш :)
ReplyDeleteВи благодарам што ми го спасивте животот затоа што при толку многу учење немам време да ја прочитам целата работа за толку кратко време.
DeleteBravo
ReplyDeletegjgj
ReplyDeletehahh
DeleteБраво
ReplyDeletetka e
ReplyDeleteБЛАОДАРАМ :)
ReplyDeletehvaljiminder
ReplyDeleteSimeon ja sam ga pisuel hvaljiminder znas ehhe
ReplyDeleteLuka ja sam ehehe najjaci boii mincrfafter hehe
ReplyDeletelukic
fala vi mnogu ova e svarno super
ReplyDeleteti blagodaram za ova vo posledna minuta mi tekna i mi pomogna mnogu. :)
ReplyDelete