Незнам зошто не ја фатив книгата и не го „загреав“ столчето вчера додека бев слободна. Најверојатно затоа што не ми се учеше. Имам навика да повторувам но ни на крај памет не ми падна дека можеби денес ќе имаме повторување на целиот материјал а оценките ќе „летнат“ право во дневникот.
Некои беа задлабочени во лекциите обидувајки се да научат нешто за да извадат подобра оценка а останатите воопшто не изгледаа загрижени поради тоа,никогаш не ги интересирало учењето а зошто пак сега да ги интересира?
Гледав во книгата безцелно,обидувајки се за оние 5 минути додека наставникот го запишуваше часот да се обидам да научам нешто,но залудно... Наставникот стана и како дишењето во училницата нагло да замре. Не изгледа од глава до пети и застана на средина на училницата.
„Последен број од дневникот,излези на табла и кажи ги последните две лекции.“
Излезе мојот соученик,чии оценки не беа за фалење но никако не беа за фрлање. Тој беше ученик кој се труди,но резултатите не беа очигледни. Барем за нас... Долго молчеше а и натаму не се слушна никој да изговори ниту еден збор,во училницата беше штама.
„Добро,можеби ученикот со број 3 во дневникот ќе му помогне“-продолжи наставникот со својот ладен и видно рамнодушен глас.
Излезе ученичката што седеше до мене. Толку беше возбудена,во секој момент очекував да падне на подот од возбуда. Кажа 2 реченици и замолча. Можеби тоа е се што прочитала за олку кратко време. Од надвор се слушаше детска смеа,но тоа ни малку не не развесели и не не поттикна,а наставникот се врати до катедрата и запиша нешто.
„Број десет,последната лекција.“ -повторно се огласи наставникот.
„Пфф,сега и број десет ќе се замрзне пред таблата“-си реков во себе. „О,не! број десет сум јас! Што ќе правам сега?!?!“ -кажав полугласно учениците блиску до мене ме погледнаа загрижено. Излегов пред таблата,и се обидував да се сетам на сето она што наставникот ни го кажуваше кога ја предаваше таа лекција претходниот час. Почнав да се тресам. Осетив ладна пот на мене. Наставникот гледаше во мене како да сака да го прави ова.
„Хм...Последната лекција е Хидроцентрали и Термоцентрали во Република Македонија“-ми светна. „Во нашата држава термоцентралите се делат на.....“ -продолжив да брборам и да зборувам се што слушнав на часот. Сите се изненадија,ме гледаа така што човек би помислил дека сум го искачила Монт Еверест.
„О боже!“ - си пелтечев во себе. „Никогаш ми се нема случено вакво нешто“.
Продолжив да раскажувам,а наставникот ме запре.
„Доволно е!-кажа отсечно. „И другпат запамтете,кога не учите,сами си наштетувате“
„Како тоа да го кажа со добра намера“ - иронично си реков во себе.
Наставникот излезе,и се слушна воздишка на сите оние кои здрвено гледаа те во мене,те во наставникот. Никогаш не сум почувствувала толку голем срам и беспомошност,а сепак, успеав да си ја оправдам солидната оценка. Ова нема да ми се повтори.
Ете тој ден,на тој час,на часот по географија,училницата во која учев две години,а ќе учам и уште две,навистина ми стана мачилница.
Напомена: Ова дело е комплетно напишано од авторот на овој блог и не е дозволено копирање на други блогови/веб сајтови.
BRAVO PREKRASEN SOSTAV
ReplyDeleteбравооо ке ми треба и мене тј состав лелел фалафала
Deleteeeeeeeeeeeeeeeeee
Deleteeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeee kemi treba puska
DeleteThis comment has been removed by the author.
Delete