Кратка писмена работа на тема „Кузмановата мајка Неда - олицетворение на храброст и достоинство“

    Во поемата „Сердарот“ освен трагичната смрт на Кузман Капидан, авторот успеал да опише уште еден поважен лик од неговото дело - Кузмановата мајка Неда и ни го пренел нејзиниот карактер прилично сликовито и реално.
    Неда била жена со силен и цврст карактер и била во нејзините средни години. Нејзиното јадро лице со остри црти совршено се вклопувало со нејзината јасна и нагласена амзонска става. Навидум кротка и кршлива личност.
    Нејзиното срце се крши на милион ситни парчиња кога во својот двор, пред портата ги здогледува непријателите Арнаути, како со тивок и бавен чекор на раце го носат нејзиниот син со рана од куршум во него која ја предизвикала неговата жалосна смрт.
Во тој незамислив момент, облиен со крв, болка и тага, таа ја пушта нејзината коса да и падне на рамениците, и со онаа последна трошка сила преостаната во неа, со брзи чекори се упатува кон својот син Кузман, барајќи од нејзините соселани да и направат тесен пат за да помине.
    И во овие моменти, додека таа го оплакува нејзиното чедо, успева да ја покаже својата големина, своето достоинство и сила, и бара од нејзините непријатели, да го погребаат Кузман со сите почести но и останатите негови загинати пријатели, кои како сложна дружина, рамо до рамо се бореле со својот другар, во нивната последна битка..

Напомена: Ова дело е комплетно напишано од авторот на овој блог и не е дозволено копирање на други блогови/веб сајтови.

1 comment:

  1. moze pismena rabota na tema Kuzman Kapidan - junak dostoen za voshit i pocit

    ReplyDelete