Писмена работа на тема „Пролетен пејсаж“

   Ова утро, станав необично рано. Неможев повторно да заспијам, па само одев безцелно низ мојата соба. Нешто внатре во мене ме копкаше, ме возбудуваше.
Низ мојот прозорец забележав дека зората зазорува и сонцето изгрева и тоа ми влеа мир во душата и бидејќи беше сеуште рано за да тргнам на училиште, решив да прошетам и да уживам во изгрејсонцето.
Само што излегов на прагот, се стаписав. Поминувајки го целото време во мојата соба и учејки за претстојните тестови и испрашувања, не сфатив дека пролетта полека пристигнала.. Старата слива во мојот двор веќе беше накитена со светло зелени листови а младите пупки срамежливо се криеја под нив. Тој миг, сфатив колку сум пропуштила, па затоа бргу го облеков палтото и излегов на прошетка.
   Лесно го препознав оној благ пролетен ветер кој со себе го носеше поленот на цвеќињата и го приближување до носот на секое дете за тоа да може да ја намириса убавината на пролетта-па дури и да кивне. Одејки по неасфалтираниот пат и разгледувајќи околу себе, почнав да се чувствувам изгубено. Сфатив дека се изгубив во сета убавина што се наоѓаше пред моите очи, сфатив дека се изгубив меѓу боите на пролетните цвеќиња што растеа покрај патот.
   Во овие рани утрински часови, не слушнав ниту еден вознемирувачки звук. Не слушнав ниту коли кои поминуваат оттука. За прв пат, ја почувствував совршеноста на природниот свет.
Над мене прелета мало јато на ластовици, можеби малку рано но тоа само уште повеќе ја разубави глетката во тој миг.
Поминував покрај борова шума додека пролетниот ветер тивко дуваше.. Ниту најдобрите оркестри и ниту најталентираните музичари неможат да ја отсвират песната која се создаваше додека ветерот мило ги галеше гранките на густите борови. Таа песна не само што внимателно ја слушав туку ми се стори дека можев и да ја доживеам.
Го кренав погледот и ги видов планините што се простираа околу мене. Тоа беа големи, зелени планини кои што во себе криеја други убавини, други приказни.. Којзнае колку бистри реки извираат оттаму и колку е само привилегија да го слушаш нивното мирно жуборење.
   Во тој миг јас бев благодарна. Да, бев благодарна бидејќи живеев на место каде што оваа убавина нема да се уништи за да се изградат големи облакодери, ниту пак каде звукот на шумолењето на дрвјата ке биде попречен со гласното брмчење на автомобилите кои секогаш некаде брзаат.
   Бидејки јасно можев да го видам изгреаното сонце, одлучив дека е време да се вратам дома, да го земам ранецот и да заминам во училиште. А таму пак, неможев да престанам да мислам на бајката која ја видов утрото. Никогаш не верував дека можам да се заљубам во едно обично изгрејсонце и во една прошетка низ природата.
Секој во својот живот се наоѓа во ситуација каде сфаќа какви непроценливи работи ги занемарил, а токму тоа се случи и со мене. Моите прошетки се зачестија, и иако секој ден одам по истата патека и секој ден го слушам шумот на дрвјата, секој пат различно го доживувам тоа а тоа е една од најубавите работи кои што ни ги нуди пролетта.

Напомена: Ова дело е комплетно напишано од авторот на овој блог и не е дозволено копирање на други блогови/веб сајтови.




12 comments:

  1. Ви благодарам многу ме спасивте :D

    ReplyDelete
  2. лаллалалањфедјксмалдфнцбв




    ReplyDelete
  3. leleeelelelelelleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleleelelelelelelelelelelelelelelelelelelelelelelelelelelelelelelelel1e1e1e1e1e1e1e1e1e

    ReplyDelete
  4. Lolll
    Hahaha
    Ama e grdo voopsto ne mi se dopadna ne samo na mene tuku I na drugite

    ReplyDelete
    Replies
    1. многу е убав обај расказне тропај глупости

      Delete
    2. па сам напишиси шо има од тука да гледаш KID

      Delete
  5. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete