#КакоДа го уредиш своето CV - Сurriculum Vitae

    Првото CV кое го составив за себе беше наменето за апликација за обука на тема Лидерство. CV-то треба исклучиво да ги содржи информациите кои би можеле да бидат од корист само за работата, обуката или работилницата за која аплицирате но и било какви останати информации не се вишок.
   Најчесто, овој документ се пишува во Microsoft Office Word но постојат и помошни алатки на интернет (Europass CV).

   Најпрво ги внесуваме личните податоци (име, презиме, адреса и град на живеење, телефонски број), потоа образовните степени кои сме ги достигнале/завршиле (основно, средно, високо образование, постдипломски студии итн.). Оттука ги внесуваме добиените награди и признанија (доколку ги има) во главно поврзани со местото/улогата за која аплицирате (прво, второ, трето место или пофалници за регионални, државн или интернационални натпревари по биологија, хемија, музичко, ликовно, карате, информатика итн.) Следни се сите обуки, работилници, семинари и конференции кои ги имате завршено (пр. двонеделна обука по прва помош во Црвен Крст; работилница на тема Модерни Техники во Ликовната Уметност итн.) Познавање на јазици е исто така важно и при тоа треба да се наведе мајчиниот јазик како и странските јазици за кои поседувате знаење и притоа да го обележите до кој степен е истото.
   Вашите вештини и хоби се следните информации на листата имаат за задача да ги покажат квалитетие кои ги поседувате како индивидуа.
Вештини: компјутерски вештини во областа на PowerPoint, Excel, C++ итн.
Хоби: во слободно време пеам во школскиот бенд, читам книги и се занимавам со плетени ракотворби.
   Во прилог е прикажан завршниот резултат од едно изработено CV:


**************************************

Инес Ивановска

Адреса на живеење: Битола, Македонија
Дата на раѓање: 14.03.2002 - 17 години
Место на раѓање: Битола, Македонија
Телефон: (+389) 78 899 988
Е-маил: iines@ymail.com

Образование: ученик во СУГС „Никола Карев“ - Скопје (во тек)
                        отсек: природно - математички Б

Освоени места и пофалници: I-во место на државен натпревар по биологија (2017г.)
                                                   III-то место на државен натпревар по соло изведби на пијано
                                                   Пофалница на натпревар „Млади Библиотекари“ (2015г.)

Семинари, работилници: Учество на дводневна обука на тема „ХИВ-СИДА и контрацепција“                                                преку Црвен Крст
                                           Учество на семинар по физика и астрономија
                                           Учество на ЕПТА фестивал за млади пијанисти

Познавање на јазици:
мајчин јазик: македонски
странски јазици: англиски; пишување (5), говорење (5), слушање (5)
                             руски јазик: пишување (3), говорење (4), слушање (5)

Вештини: одлично познавање со работа во PowerPoint и Еxcel.
                  плетење
                  готвење

Способности: организација при тимска работа, модератор и осмислувач на концепти за работа/планови, комуникација, човек на тимот/мотиватор, 

Интереси/хоби: читање криминални романи, пеење, свирење на пијано и гитара, кошарка, планинарење.

**************************************

   Шаблонот за изработка на CV може и да подлегне на промени доколку за CV-то се бараат исклучиво само одредени видови податоци. Доколку не сте сигурни дали рачно напишан документ ќе биде доволен посетете ја страната на Europass кадешто има готова шема спремна за пополнување.





No comments:

Post a Comment