#КакоДа го напишеш идеалното мотивационо писмо

    Мотивационото писмо е најчесто побарувано во склоп на вашето приложено CV и има кратка и јасна цел: да образложи зошто токму вие треба да ја добиете работата или да бидете примени на семинар или било каков облик на неформално образование.

Step by step:
1. Иако мотивационото писмо веќе се знае до кого е адресирано, би било добро доколку на почетокот тоа го потенцираш:

Од: Марија Трајковска
До: Радио - Канал 99


2. Во ова писмо треба да ги истакнеш вештините и талентите кои ги поседуваш со чија помош ќе бидеш најефективен/на доколку ја добиеш работата/учеството на обуката/семинарот но не заборавај да одвоиш неколку зборови за можностите и приликите кои ги нуди работното место.

„Обврските и можностите кои ги нудите на отвореното работно место, јас како ваш редовен слушател, сметам дека можам во целост да ги исполнам поради моите добро стекнати комуникациски вештини како и желбата за извршување нови истражувачки дејности секој ден.“

3. Наведи го своето искуство.*

„По долгогодишната соработка со Радио МОФ, сметам дека ми треба нов предизвик за да се надоградам себеси на основата што ја постигнав до сега.“ 

4. Очекувај го нивниот одговор.

„Се надевам дека ќе ја имате во предвид мојата апликација и сето она што е наведено во неа, и со нетрпение ги очекувам резултатите.
Имајте пријатен ден,
Марија.“

No comments:

Post a Comment