“Смртта на Иван Илич“ го доловува вистинито приказот на секојдневието на еден човек кој на сите начини пробува да ги задоволи очекувањата и да ја одржи репутацијата во општеството, притоа не предвидувајќи ги непоправливите грешки и последици. Тој го завршува образованието од висок степен, работи за пристоен прихот, се оженува за девојка од неговата социјална класа, има деца и постојано добива унапредувања. Негова рутина станало тој да го изразува своето достоинство и статус.

Авторот ни посочува дека сето пристојно однесување, исполнувањето туѓи желби и потреби не ни го обезбедува мирниот и посакуван живот.
Една таква прилика е кога на посета на смртно-болниот Илич доаѓа неговиот доктор, а
Прасковја го бакнува својот сопруг пред него со цел да изрази што поголема загриженост. Во своите мисли, Иван Илич длабоко ја презира онаа девојка за која некогаш имал високо мислење и надежи.
Како заклучок, авторот преку неговиот главен лик ни порачува дека задоволството и идеалниот живот не можат да се купат со пари.
А во случај да сме успеале да ги купиме, сепак на крајот од животот, додека на смртна постела доживуваме рефлексија на сите наши одлуки и на целиот тек на животот, не можеме а да не се запрашаме - “дали го живеев животот како што треба?“
Белешка за авторот:
за белешка за авторот, кликни тука
Ликови:
Иван Илич - главниот лик кој бил типичен пример за рутински човек. Педантен, со добро однесување, некогаш знаел да си приушти задоволства до одредена граница, ги следел општествените наметнати стандарди, работлив и вреден.
Прасковја - сопругата на Иван Илич, која била примерна и културна дама која во почетните месеци од бременоста комплетно го изменила своето однесување. Се што ја интересирало понатаму биле парите на мажот, забавите, културните настани. Имала вообразен и незаинтересиран однос кон својот сопруг.
Петар Иванович - најдобриот другар на Иван, кој го испочитувал правилото да го посети починатиот Иван без посебно чувство на тага.
Неговите деца - девојче и момче кои исто како нивната мајка, не обрнуваат внимание на состојбата на нивнот татко и го живеат нивниот живот без скоро никаква контакна точка со Иван.
Герасим - слуга, единствениот пријател на Иван, кој му пружал поддршка, разбирање и сочувство на својот господар.
No comments:
Post a Comment