Прераскажување на книгата “Смртта на Иван Илич“ од Лав Н. Толстој

   
   Делото “Смртта на Иван Илич“ преставува творба од времето на реализмот од еден од најпознатите руски новелисти Лав Николаевич Толстој. Преку грубо и реално прикажување на секојдневниот живот на Иван Илич, тој ни укажува колку е лошо да ги следиме нормите наметнати од општеството и дека на крај ќе разбереме дека ние сме учествувале во формирањето на сечија туѓа среќа - освен на нашата. 
   Оваа новела започнува со вестите за смртта на Иван Илич. Неговите колеги ја читаат статијата во весникот и наместо чувство на тага својствена за загуба на пријтел и колега, тие започнуваат разговор за тоа кој би ја наследил неговата функција на работното место. Петар Иванович се упатува кон неговата куќа каде што влегува после две жени облечени во црно, а внатре бил за последен пат изложен починатиот Илич пред неговиот погреб. Влегува во собата, се прекрстува како што налагаат нормите иако тој не би го направил тоа. А таму, го дочекала неговата жена, сега вдовица, Прасковја Фјодоровна која сакала да остане насамо со него во друга соба. Цврство мотивирана од желбата за парите и да извлече колку е можно поголема сума од пензијата на Иван Илич, таа го убедува Петар дека се наоѓа во незавидна положба и го прашува како може да дојде до пари. После неуспешниот разговор, Петар Иванович се упатува надвор од куќата кон домот на неговиот другар за да го прават она што го правеле без исклучок -  да играат карти.
Оттука, започнува сторијата на  Иван Илич пред тој да почине. По стапките на неговиот татко, тој станува правно лице кое станува чиновник од десетта класа. Тој бил педантен, паметен, пристоен и по малку палав но сепак добродушен. По пет години работа, го унапредуват како истражен судија каде што исто често ја извршувал должноста. По две години ја запознава пристојната и угледна Прасковја Фјодоровна. Се венчале, а незгодите започнале во првите месеци од бременоста на Прасковја - таа сакала да го покори сопругот, љубоморела, навредувала па за кратко, Илич мирот го нашол во службата и работата. Како резултат на неговата поголема посветеност, по три години го унапредуваат во заменик јавен обвинител а потоа и во јавен обвинител. Иако редел успеси во професионалниот живот, неговиот однос со семејството останал прилично непроменет. Во следните 7 години, брачниот пар изгубим 3 деца и им останале само еден син и една ќерка.
Се револтирал и скарал на работното место кога унапредувањето го добил друг службеник а не тој, па решил да побара работа во Санкт Петербург со поголема плата - пет илјади рубљи и успева во тоа.
Се преселува таму сам, и толку бил опседнат со уредувањето на новото живеалиште што во една прилика кога сакал да ја објасни положбата на завесите, се лизнал од скала и паднал при што се удрил во ќош на една рамка. Откако неговото семејство се преселило со него во убаво уредениот стан. тој продолжил да го живее животот исто.
Почнал да чувствува сѐ позачестени болки па отишол н преглед кадешто докторот, а подоцна и неговите дома, го убедувал дека најверојатно не е ништо опасно. Со тек на време, Иван доаѓа до заклучок дека се работи за смртна болест. Неговото тело се унакажало додека никој не обрнувал внимание на неговата состојба. Морфиум и опиум му ги смирувале болките додека слугата Герасим бил единствениот кој што му пружал поддршка за време на неговите последни денови. “Можеби не живеев како што требаше да живеам“.
Полека, тој сфатил дека единствените вредни спомени се оние од детството; компотот од суви сливи, брат му, неговата дадилка и играчките. На денот на неговата смрт, стравот од неа како наполно да исчезнал иако претходно Иван бил премногу преплашен од тоа што следело. Неговото тело веќе не чувстувало болка и се развеселувал од таа помисла.
   Иван Илич не го живеел животот онака како што трба туку пријатно и пристојно - удоволувајќи на своите колеги, жената и семејството. Добива за возврат игнорирање - ништо слично на она што го пружал во текот на својот живот. По овој заклучок, ја пречекува смртта без нималку страв, знаејќи дека само таа ќе го извлече од непоправливата дупка во која се нашол - тунел во кој полека наѕирнувала трошка светлина.

Белешка за авторот:
за белешка за авторот кликни тука.

Ликови: 
Иван Илич - главниот лик кој бил типичен пример за рутински човек. Педантен, со добро однесување, некогаш знаел да си приушти задоволства до одредена граница, ги следел општествените наметнати стандарди, работлив и вреден.

Прасковја - сопругата на Иван Илич, која била примерна и културна дама која во почетните месеци од бременоста комплетно го изменила своето однесување. Се што ја интересирало понатаму биле парите на мажот, забавите, културните настани. Имала вообразен и незаинтересиран однос кон својот сопруг.

Петар Иванович - најдобриот другар на Иван, кој го испочитувал правилото да го посети починатиот Иван без посебно чувство на тага.

Неговите деца -  девојче и момче кои исто како нивната мајка, не обрнуваат внимание на состојбата на нивнот татко и го живеат нивниот живот без скоро никаква контакна точка со Иван.

Герасим - слуга, единствениот пријател на Иван, кој му пружал поддршка, разбирање и сочувство на својот господар.

No comments:

Post a Comment