Делото започнува со двајца пријатели кои тргнале на долг пат, а откако завршиле со пешачењето се нашле пред голема, длабока река која не можат да ја поминат толку лесно. Единствениот превоз се состоел од човек и неговото скршено кајче чиј крај се наближувал. По упатство на превозникот, ова кајче можело да пренесе само двајца во едно време па затоа се качил само едниот а другиот останал да чека.
Патот бил долг, водата навлегувала кајчето при што патниците биле приморани да ја исфрлаат водата постојано за да не потонат. Конечно пристигнувајки на спротивната страна на реката, човекот решил да го почека својот сопатник на крајбрежјето.
Тој седнал на жешкото сонце и ја осудувал својата одлука да ја облече дебелата војничка униформа и дебели панталони со оглед на високите температури. Тој посегнал по својот џеб и кутијата со цигари и бил непријатно изненаден кога ја допрел целосно наквасената кутија и веќе неупотребливиот тутун. Во далечината, од шумата тој забележал како излегуваат две човечки фигури. Постар, возрасен човек и мало дете кое полека се движело околу него. Овие две мистериозни личности полека се приближиле до крајбрежјето каде седел човекот во војничка униформа. Прозборувајќи неколку зборови, дојденецот го пратил детето да игра покрај водата, а од таму тој ја започнал и својата приказна. Неговото име било Андреј Соколов.
Тој навидум имал живот со светла и испланирана. Се оженил со жена која ја сакал, а од тој брак тие ги добиле своите три дечиња - две девојчиња и едно момче. Тој ја опишува својата жена како не толку убава - но прекрасна во душата. Поради нејзината добрина и грижа, тој престанал и да пие иако тоа го правел често а откога им се родил синот тој целосно се посветил на своето семејство пречекувајќи ги подоцна и своите две ќерки. Со градењето на нивната нова куќа во близината на фабриката за авиони, тие си обезбедиле добар живот кој би требало да потрае. Но, животот не секогаш не изненадува со само добри работи.
Наскоро започнала војната а Соколов набрзо по тоа добил покана за да се придружи во руската армија. Неговата жена не можела да се помири со испраќањето на својот маж и не можела да го сопре надоаѓањето на солзите додека го гушкала непрекинато. Андреј, за да не подлегне на бранот од емоции ја оттурнал жена си - потег за кој ќе се кае до крајот на својот живот.
Како војник, тој бил веднаш испратен на фронтот како превозник на муниција и храна, при што бил соборен од германска граната. Го приклучиле кон редот на руски затвореници, а од своите комради добил само совет да не престанува да оди инаку животот би му згаснал во истиот момент - како и неколку нивни другари. Својата чесност и праведност ја покажува на дело кога, откога го сместиле со своите другари во напуштена црква, во темнината убива војник кој се заканувал дека ќе ги издаде комунистите за да ја спаси својата глава. Оттогаш, тој имал едно неуспешно бегање од германските пранги, чијшто крај го означиле германските кучиња кои трагале по него и најпосле го нашле. По ова случување, тој бил одреден да работи во каменолом каде што секој работник требало да изработи по четири кубика. Андреј Соколов му забележува на ова надчовечко очекување коментирајќи дека за неговиот гроб ќе биде потребен само еден кубик. Предаден од еден од затворениците, тој бил повикан во канцеларијата на германскиот командир. Разбирајќи дека на неговиот живот му се наговестува крај, тој се поздравил со другарите и заминал во канцеларијата, но она што го спасило него е неговата достоинственост како прав руски војник кој одбил да се напие вино со германските командири во чест на германското предводење на војната но се напил во чест на својата смрт. Командирот, воодушевен од храброста на Андреј, му го подарил животот и така тој уште еднаш ја измамил судбината.
Во периодот што следел тој бил постојано преместуван и работел насекаде низ германското тло а при една прилика тој бил доделен да биде возач на германски инжинер.
Тој сеуште сакал да избега, чекајки го на повидок вистионскиот момент. Еден ден, возејќи го мајорот блиску до фронтот, тој ја слушнал руската артилерија и војска од што му затреперило срцето и понесен од ова чувствто, тој почнал да вози право кон руската армија. На нив го предал германскиот инжинер кој преставувал вистинско богатство во погрешните раце, а самиот добил пофалби и бил пуштен на боледување еден месец. Таму, и напишал писмо на своата сакана, но подоцна добива повратен одговор дека неговата жена и две ќерки загинале при бомбардирањето на фабриката а неговиот син веднаш после тоа се пријавил како доброволец во војска. Тој го исконтактирал сина си и разбрал дека се наоѓаат многу блиску еден до друг и непрестајно сонувал и замислувал за мирен живот со своето семејство - или она што му преостанало.
Но, несреќата повторно чукнува на Соколовата врата кога тој дознава дека на денот на ослободувањето од фашистичките сили, неговиот син Анатолиј бил убиен од германскиот снајпер.
Измачен, без трошка надеж и идеја за својата иднина тој се повлекува и работи како возач пренесувајќи суровини. Тој живеел кај пријатели кои немале деца, а чајџилницата му станала секојдневие каде што често седнувал. Не можел а да не го забележи малото детенце кое седело пред дуќанот и во една прилика го распрашал за неговите родители и живеалиште. Тој дознал од малиот Вања дека неговиот татко бил војник кој загинал на военото поле, а неговата мајка умрела при напад од бомба додека патувале со воз. Така малиот Вања, незнаејќи каде бил ниту каде треба да отиде останал сам на себе.
Како човек кој ги доживеал надивум сите зла што може животот да ги приреди, Андреј Соколов ја пронашол заедничката смисла за живот помеѓу него и малото детенце. Тој му соопштил на Вањушка дека тој е неговиот татко кој го барал низ многу земји и денеска конечно го нашол. Она што следело по тоа биле дузина бакнежи, прегратки и извикувања од малото детенце кое не престанало да верува дека еден ден ќе го сретне својот татко повторно - срцепарателна слика која предизвикува пресилни чувства на тага но воедно и искра на надеж.
Андреј Соколов доаѓа до крајот со раскажувањето на својата животна приказна објаснувајќи му на странецот дека нашол работа како возач на друго место и со својот син тргнале на патот кон подобар живот.
Патиштата на двајцата странци се разидуваат кога пријателот пристигнува од другата страна на реката а родителот и детето се спремаат да ја преминат реката. Никој не знае што судбината сега им приредува.
Белешка за авторот Михаил Шолохов.
No comments:
Post a Comment