Нивната втора средба се одвивала на начин на кој старите љубовници би се сретнале оживувајќи ги заедничкие спомени. Тие двајца го започнале разговорот со истата страст и меѓусебна поврзаност заборавајќи на временската бариера која во меѓувреме се случила. Комако повторно ја напуштила неговата соба во самракот за да не биде забележана од луѓето. Наредниот ден, за време на прошетка, Шимамура случајно налетува на Комако и таа го поканува кај нејзе дома. Во тие моменти тој дознава дека случајниот болен патник кој го забележал во возот бил син на учителката по музика и истовремено свршеник на Комако. Тој боледувал од туберкулоза, неговите преостанати денови биле броени а Комако сакајќи да придонесе за неговото лекување станала вистинска гејша пред извесен период. Последната вечер пред Шимамура да се врати во Токио, тој ја поминал во Комако која очајно го преколнувала да не си оди. Сепак, наредниот ден тие ги кажуваат своите проштални зборови на железничката станица кога Јоко, девојката од возот, задишано дотрчува до Комако и ја замолува веднаш да појде накај болниот. Несакајќи да го напушти Шимамура, таа одлучно останува и го испраќа Шимамура до самото поаѓање на возот.
Гејшата која била инспирација на Кавабата за ликот на Комако |
Шимамура започнал почесто да ја гледа Јоко, девојката од возот, бидејќи Комако која иако била зафатена, наоѓала време да му пишува писма и да ги испраќа преку Јоко. Една вечер, тоа резултирало со разговор меѓу Шимамура и Јоко. Желна за нов живот далеку од Земјата на снегот, таа го замолила Шимамура да ја поведе со него во Токио притоа советувајќи го за време на неговиот престој тука убаво да се однесува кон Комако бидејќи иако тие двете немале сјаен однос, таа била добра душа но несреќна.
Зимата пристигнувала со себе наговестувајќи го започнувањето на изработката на кимоно од чиџими која била карактеристична за тој предел а и самиот Шимамура ја обожавал. Тој ја пролонгирал својата посета таму како што кажува авторот „не заоа што не можеше или не сакаше да ј аостави Комако, туку поради пријатната навика да ги очекува нејзините посети“.
Еден ден тој се одлучил да ги прошета селата кои се карактеристични за девојките кои ткаеле со чиџими. На враќање, со такси, тој ја сретнува Комако која му замерила бидејќи не ја повел со себе но нивниот разговор бил прекинат од пламенот и чадот кои се издигнале недалеку од нив. Заедно, потрчале кон запаленото складиште кое било полно со посетители бидејќи таа вечер се проектирал филм. Придружувајќи се на толпата луѓе, тие застанале и набљудувале додека противпожарната служба го гаснела огнот со својата мала противпожарна пумпа. Децата ги фрлале од галеријата во обид да ги спасат кога телото на една жена паднало во жарта. Тоа била Јоко, сеуште толку убава како и при првата средба во возот. Избезумената Комако очајно се затрчала кон безживотното женско тело, земајќи го во рацете и пробивајќи се низ толпата луѓе. Додека се обидувал да и помогне на Комако, толпата луѓе што се собрала околу нив го турнала и погледнувајќи нагоре “Млечниот пат со страшен шум се истури во него" симболизирајки го трагичниот крај на една љубовна приказна.
No comments:
Post a Comment