Иако за некои, креирањето писмена работа е невозможна задача, овој туторијал има за цел да го промени тоа мислење.
За создавање на писмена работа, посебно доколку темата е поврзана со некое дело, најлесниот начин е да соберете колку што е можно повеќе информации за делото дури и ако не сте го прочитале. Интернетот располага со милиони корисни и информации кои, подредени по ред, создаваат описна слика за некоја лектира.
Мојата писмена работа
Првиот параграф, кој се наоѓа неколку редови под насловот и започнува неколку сантиметри во десно, ги поседува додатните информации во врска со делото кое допрва ќе го опишеме. Тие додатни работи се авторот, периодот во кој е напишано делото, кој жанр го опфаќа па дури и значењето на делото. Првиот параграф би требало да биде јасен, краток и да служи како вовед во главиот дел.
Исто како и во првиот параграф, првата реченица на вториот параграф запонува неколку сантиметри во десно. Содржината на вториот параграф е она кое што го означува насловот - вашата задача за пишување! Бидејќи ова е главниот дел во писмената и во него најмногу се пишува, не е одредено колку треба да биде долг но не и предолг за читателот да ја изгуби концентрацијата и поентата. Запамти, дури и ако си прочитал/а многу малку за делото, твоето сопствено гледиште во врска со него ќе биде ценето. Не се оддалечувај од темата и опишувај ги настаните по хронолошки редослед.
И третиот параграф, има за цел да ја претстави поуката или заклучокот на делото а понекогаш го содржи и твоето мислење за делото. Исто како првиот дел, тој треба да е краток и прецизен.
No comments:
Post a Comment