Да работиш во канцеларија со куп документи е мошне интересно, да седиш во четири затворени ѕидови навидум изгледа лесно и помалку заморно, но со тек на времето и тоа здосадува - дури и спобудалува!
Поради тоа, јас решив да побарам онаква профеија во која ќе ја има мојата најголема страст - патувањето! Секако, кога на моите родители би им соопштила дека ќе бидам стјуардеса најпрвин можеби нема да бидат толку импресионирани но јас нишанев на поголема цел. Одлучив мојата идна професија да биде спој на желбите да го прошетам светот и да помогнам на секој човек кому помошта му е добредојдена. Јас сакам да бидам медицинска сестра!
Многу од медицинските сестри во светот се најпотребни за време на природни катастрофи, епидемии на болести, па дури и ако се работи за обична волонтерска работа во области кои сеуште се во развој. Тоа ми дава можност не само да избегам од секојдневната репетитивна околина туку и да пружам помош на најзагрозените.
Дежурствата во трета смена, итните повици на полноќ, униформата што ќе ја носам, брзината со која што ќе влегувам во амбулантното возило веднаш по известувањето дека се случила сообраќајна незгода се само дел од работите кои што ме тераат уште повеќе да ја засакам оваа професија. И колку и да имам непреспиени ноќи учејки јас нема да се откажам, бидејќи желбата, страста и визијата се далеку помоќни од физичкиот замор и стравот од неуспех!
Вера Петкова
No comments:
Post a Comment