Кога во светот би се зборувал само еден јазик,тогаш сите луѓе би се разбирале,сакале,толерирале...Но зошто да не биде така дури и кога има стотици различни јазици и нации?!
Вистина е дека секој го штити своето потекло,знаме,својот јазик,но зошто и да не го споделува? Во нашата држава освен македонското,преовладува и албанското население,но сите сме луѓе нели?! Сите живееме тука поради тоа што имаме услови,поради тоа што гледаме иднина во оваа мала земја.
Никој не е роден расист. Никој не е роден да ја почитува само својата религија или само својата земја. Вербата,толеранцијата,љубовта можат да ги зближат луѓето без разлика кој јазик го зборуваат,без разлика на бојата на кожата,верската припадност,националноста...
Затоа имам една порака до оние кои шират омраза и дискриминација кон сите оние кои не ја споделуваат истата јазична заедница со нас:
„Никој не сака закани,уцени... Никој не сака безбедноста на своето семејство да биде загрозена поради овие немири. Омразата е огнот,а вие сте само оние кои додаваат бензин врз него,распалувајки го и предизвикувајки неповратливи штети. Човекот ја пишува историјата,од него зависело што се случило во минатото и само од него зависи што ќе се случи во иднината. Оставете на своето потомство нешто по вредно од пари-воспитување.
Престанете со ширење на оваа дискриминација пред да биде предоцна,затоа што ако еднаш појдете по овој пат-враќање назад нема!!!“
Напомена: Ова дело е комплетно напишано од авторот на овој блог и не е дозволено копирање на други блогови/веб сајтови.
No comments:
Post a Comment